logo
logo
logo

Компјутер го подмлади Харисон Форд за улогата во последниот „Индијана Џонс“ (ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2022

Компјутер го подмлади Харисон Форд за улогата во последниот „Индијана Џонс“ (ВИДЕО)

Во петтото продолжение на франшизата, 80-годишниот актер ќе изгледа неколку децении помлад, благодарение на вештачката интелигенција. За подмладување биле користени неколку техники, вклучително и софтвер кој го усовршил свежо снимениот материјал врз основа на архивските снимки на младиот Харисон Форд, а резултатот го изненади и самиот актер.

"Ова е прв пат да видам вакво нешто и верувам во она што го гледам. Малку е страшно. Мислам дека дури и не сакам да знам како функционира, но тоа го прави", коментирал Харисон Форд на Империја.

На почетокот на филмот, дејството е сместено во 1944 година, а Инди се бори против нацистите. Пред да се најде во сегашноста, ќе се врати во 1969 година, која ја одбележа трката кон Месечината меѓу Американците и Русите.

Ова е последната авантура на Инди, а филмот ќе се појави во кината во јуни следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk