logo
logo
logo

Кога си Марк Ентони, ВАКВА ТИ СЛЕДУВА: Поубава, повисока, помлада...

Vecer | 14.05.2022

Кога си Марк Ентони, ВАКВА ТИ СЛЕДУВА: Поубава, повисока, помлада...

Пејачот Марк Ентони ќе се жени со манекенката Надија Фереира. 23-годишната манекенкакоја е во трка за Мис Универзум потврди на „Инстаграм“ дека поранешниот сопруг на Џеј Ло ја запросил.

„Прослава на свршувачката“, напиша Надија покрај фотографијата на привремена фотографија на „Инстаграм“ каде таа и 53-годишниот Ентони се држат за рака, а на прстото носи огромен дијамантски прстен.

За врската на парот почна да се шпекулира пред три месеци, а гласините беа потврдени кон средината на март. Нејзините следбеници на мрежата веќе некое време го гледаат прстенот на нејзината рака, но дури сега потврдија дека се вериле.

Ентони беше свршен четири пати пред моделот. Тој за првпат ја запроси актерката Клодет Лали, но раскинаа уште пред да се одржи венчавката. Потоа се оженил со Дајанара Торес во 2000 година и нивниот брак траел четири години. Подоцна се ожени со Џенифер Лопез и беше во брак со неа десет години. Тие се родители на близнаците Ема и Максимилијан. Покрај нив, Ентони има уште четири деца. Откако се разведе од Џенифер, пејачот се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk