logo
logo
logo

Книга на актерката Џулијана Мур забранета од Пентагон

Vecer | 17.02.2025

Книга на актерката Џулијана Мур забранета од Пентагон

 Воената институција ја отстранила книгата „Јаготка со пеги“ (Freckleface Strawberry) за употреба во образовните установи под надлежност на Министерството за одбрана на САД, глобална мрежа од 160 училишта каде учат деца на воениот кадар на САД.

- Бев шокирана кога дознав дека администрацијата на Трамп ја забранила мојата прва книга „Јаготка со пеги“ во училиштата на Министерството за одбрана. Книгата е полуавтобиогравска приказна за седумгодишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот учи да живее со нив кога сфаќа дека е посебна – исто како и сите други... Не можам да запрам да се прашувам што е толку спорно во оваа илустрирана книга за да биде забранета од американската влада. Длабоко сум разочарана, никогаш не би можела да замислам дека вакво нешто може да се случи во земја каде што слободата на говорот и изразувањето е загарантирано уставно право, напиша Мур на социјалната мрежа Инстаграм.

Новата администрација на Доналд Трамп врши огромни напори за укинување на таканаречената политика на разновидност, еднаквост и инклузивност (ДЕИ) во американската влада спроведувана од претходната администрација на Џо Бајден, со обвинување дека таквата политика била дискриминаторска. Трамп верува дека практиките на инклузивност ги нарушуваат граѓанските права. Администрацијата сега работи на идентификација и отпуштање на што е можно повеќе државни службеници кои работат на прашања поврзани со ДЕИ, јави Волстрит журнал.

Покрај тоа, како што пренесе Ен-Би-Си, десетици вработени во Министерството за образование на САД кои биле на обуки за инклузивност и разновидност на работното место, веќе добиле понуда да поднесат оставка со отпремнина или да се соочат со можност за отпуштање.

Во изминатиот период многу американски компании како Гугл, Делоит (една од „големите четири“ консултантски фирми), Волмарт (најголемата светска мрежа за трговија на големо и мало), Форд, Харли Дејвидсон и Трактор суплај, се откажаа од примена на ДЕИ на работното место. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk