logo
logo
logo

Клуни за сообраќајката во која за малку ќе загинел: Стоеја околу мене и ме снимаа

Vecer | 29.11.2021

Клуни за сообраќајката во која за малку ќе загинел: Стоеја околу мене и ме снимаа

Актерот завршил во болница откако автомобил удрил во неговиот мотор. Во јуни 2018 година, тој го снимал Catch 22 на Сардинија, а на пат кон сетот го удрил автомобил.

Тој се присетил на своите мисли по несреќата, велејќи: „Само чекав да се изгаснат светлата. Сега сум добро“.

Но, тој се потсетил и на бизарната ситуација од местото на несреќата. Имено, додека повреден лежел на патот, околу него се собрале луѓе кои почнале да го фотографираат и да снимаат видеа.

„Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забавни за нивниот Фејсбук. Јас сум позитивен лик, но од тоа заклучив дека јас сум за нив само забава.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk