logo
logo
logo

Клои Кардашијан на ЦРНА ЛИСТА за Мет Гала: „Неугледна е, не е А ѕвезда“

Vecer | 16.09.2021

Клои Кардашијан на ЦРНА ЛИСТА за Мет Гала: „Неугледна е, не е А ѕвезда“

Клои Кардашијан (37) никогаш не била поканета на Мет Гала, престижен настан којшто се смета за Оскар во светот на модата. Заедно со Клои, ниту Кортни (42) никогаш не била поканета, а Ким за првпат присуствувала како придружничка на Каније во 2013 година. Потоа била поканета како гостинка, заедно со сестрите Кендал и Кајли. Оваа година, Ким и Кендал блескаа на црвениот тепих, а Кајли одлучи да го чека новиот бал во мај 2022 година.

Клои, наводно, се нашла на црната листа на главната уредничка на водечкиот моден магазин Вог, Ана Винтур (71). Неименуван извор наводно изјавил дека Ана Клои ја смета за чичност од Ц-листа, а на Мет Гала се поканети само познатите личности од А-листа.

Ана ја одредува листата на гости и внимателно избира кој ќе се појави на познатите скали на Метрополитен музејот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk