logo
logo
logo

Клинт Иствуд забрани Кока Кола во неговите филмови поради бизарна причина

Vecer | 09.06.2023

Клинт Иствуд забрани Кока Кола во неговите филмови поради бизарна причина

Некои од наградите што ги има освоено се четири Златни глобуси, три награди Цезар, награда за животно дело на АФИ и дури четири Оскари.

Со оглед на таквата одлична кариера, не е ни чудо што и членовите на семејството на Иствуд се фрлија во светот на забавата. Неговиот син Кајл Иствуд ја започна својата актерска кариера во 1980-тите со улога во филмот на неговиот татко Бронко Били. Но, не секоја аудиција се претвори во успешна улога на младиот Иствуд. По неговата аудиција за главната улога на Даниел ЛаРусо во филмот Карате Кид, младиот актер не го воодушевил продуцентскиот тим, а улогата ја добил тогаш непознатиот актер Ралф Макио.

Columbia Pictures, компанијата што го дистрибуирала филмот, во тоа време била во сопственост на The Coca-Cola Company. Со одбивањето на Кајл Иствуд, компанијата му се замерила на постариот Иствуд, кој ги прогласил неговите филмски сетови за зони без Кока-Кола, пишува CBR.

Покрај Иствуд, улогата на ЛаРусо привлече и голем број потенцијални актери. Ралф Макио, кој на крајот ја доби улогата и подоцна ја репризира во серијата на Нетфликс, Кобра Каи, се потсети на актерите кои се натпреваруваа за улогата. Меѓу нив беа и Роберт Дауни Џуниор и Чарли Шин. Макио рече дека го гледал Шин на аудиции, но не личел на италијанското момче од Њу Џерси што го барала улогата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk