logo
logo
logo

Клаудија Шифер им пркоси на годините

Vecer | 07.10.2025

Клаудија Шифер им пркоси на годините

Имено, сликана меѓу гледачите до Лив Тајлер и Ејми Лу Вуд, во француската престолнина Шифер привлече внимание во розова чипкана кошула, светлорозови панталони и темносино палто, комбинирани со соодветни кокетни потпетици. Изгледот го комплетираше со елегантна црна кожна чанта. Германскиот модел, инаку, е заштитно лице на брендот за убавина „Бариер Батер“ (Barrier Butter) и беше лично избрана од основачката Хејли Бибер, која сакаше „некој кој може да внесе култна енергија“ во таа кампања.

Зборувајќи за британското издание на „Вог“ за тоа како го одржува својот изглед што ѝ пркоси на возраста, Шифер рече дека е голем застапник на здрава исхрана, и така ја одржува својата беспрекорна кожа.

- Ретко пијам алкохол, и внесувам храна со малку јаглехидрати, шеќер и млечни производи, вели таа, додека нејзиниот најголем пријател околу младоликоста е - водата. - Се обидувам да пијам три до четири литри вода секој ден - тоа е тешко и морам да се сосредоточам на тоа, но си купувам голем филџан и постојано го полнам со вода. Си велам дека нема да си легнам додека не испијам барем три, изјави Шифер.

Таа во претходна прилика призна дека нејзиниот фокус се променил откако се омажи. Со британскиот режисер Метју Вон со кого е в брак од 2002 година, имаат три деца - Каспер (2003), Клементина (2004) и Козима (2010).

- Кога бев во моите дваесетти и патував низ светот, мојот фокус беше на мојата кариера - напорна работа, натпреварување и достигнување на врвот. Тоа се промени кога добив деца, а сега се чувствувам среќна што имам толку прекрасно семејство. Горда сум на моите деца, тие се многу приземјени и нивната благосостојба е мој и приоритет на мојот сопруг. Можев да учествувам на многу повеќе писти, фотосесии и други проекти. Но, одржувањето рамнотежа што ми овозможува да минувам повеќе време со моето семејство и да бидам тука кога им требам е многу поважно од работењето на некоја нова, одлична кампања, изјави таа за британското списание „Хело“ (Hello).

Така станала, вели, помалку „конкурентна“ и, иако знае дека може да преземе повеќе работа ако сака, сепак, е задоволна од својот сегашен живот - подалеку од рефлекторите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk