logo
logo
logo

КЛАВИР НА ГРБОТ! Дали ова издание на раперот е НАЈБИЗАРНОТО НЕШТО НА МЕТ ГАЛА

Vecer | 06.05.2025

КЛАВИР НА ГРБОТ! Дали ова издание на раперот е НАЈБИЗАРНОТО НЕШТО НА МЕТ ГАЛА

Познатиот рапер и добитник на девет Греми награди, Андре 3000, навистина остави многу гости без зборови на овогодинешната Мет Гала, кога по синиот тепих прошета ни помалку ни повеќе со пијано на грбот!

Добитникот на девет Греми награди се појави во темен комбинезон од „Барбери“, носејќи црна кеса за ѓубре во раката и пијано во природна големина на грбот. Темата на вечерта беше „Superfine: Tailorng Black Style“,  инспирирана од книгата „Робови на модата: црн дендизам и стилизирањето на идентитетот на црнците во дијаспората“ од Моника Л. Милер, а избраниот стил на Андре беше сè друго освен обичен.

Раперот, чие вистинско име е Андре Лорен Бенџамин, дефинитивно ја исполни темата, а пијаното имаше посебна симболика за него.

- Овие скици за пијано се импровизации. Ги ширам прстите по клавишите и ги поместувам случајно додека не најдам нешто што звучи добро или интересно - објасни музичарот подоцна на мрежите, кој го искористи престижниот настан и за промоција на својот нов албум.

Додека се искачуваше по познатите скали на Метрополитен музејот на уметност, Андре 3000 го покажа и својот нов албум „7 скици за пијано“ на чија корица е скица од неговиот стајлинг од Мет гала. Интересно е што неговиот нов албум е снимен на iPhone, а тој вели дека бил инспириран од уметници како Телониус Монк, Филип Глас и Џони Мичел.

- Ова е најемотивното и најослободувачкото нешто што некогаш сум го почувствувал. Како да сум ја исчистил палетата, рече уметникот и додаде дека овој албум е еден од најличните моменти во неговиот живот.

Да потсетиме, иако оваа година беше номиниран за три Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за албум на годината наречен „New Blue Sun“, Андре не се појави на доделувањето на наградите поради пожарите што го зафатија Лос Анџелес во јануари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk