Тинејџерката (17) наводно се сели да живее кај нејзиниот татко, пишува The Sun.
Се очекува да се пресели кога во мај ќе наполни 18 години. „Шајло не е незадоволна од Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, споделил инсајдер со таблоидот. Плус, таа го обожава Бред и отсекогаш била татино девојче, додава изворот.
Пит, тврди изворот, бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, мајката досега не се обидела да ја спречи. За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го одбија Бред откако станаа полнолетни.
Захара дури и се откажа од презимето на татко ѝ, а Пакс го нарече својот татко „шупак од светска класа кој ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“ во објавата на Инстаграм за Денот на таткото 2020 година. „Ги направивте животите на најблиските до мене пекол. “ напиша тој тогаш.
Инаку, Шајло е биолошката ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Наводно, Џоли поднела барање за развод поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани мајка си.
„Кога едно од децата вербално ја бранеше Џоли, Пит му се нафрли на сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи.“, е наведено во документите доставени до судот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата