logo
logo
logo

Ќе се снима ново продолжение на „Топ Ган“, продуцентот откри и дали ќе глуми Том Круз (ВИДЕО)

Vecer | 27.03.2024

Ќе се снима ново продолжение на „Топ Ган“, продуцентот откри и дали ќе глуми Том Круз (ВИДЕО)

Гласините за можното снимање на третиот филм се појавија на почетокот на оваа година, а сега ги потврди и еден од продуцентите на филмот, како и информацијата дека Том Круз ќе се врати како Пит „Маверик“ Мичел.

Продуцентот Џери Брукхајмер работеше на Top Gun од 1986 година и Top Gun: Maverick од 2022 година, а се чини дека ќе работи и на третиот филм. Како што пренесува Collider, продуцентот потврдил дека ќе се снима продолжение во кое ќе учествува и Том Круз, кому многу му се допаѓа приказната за третиот филм.

„Том Круз ќе глуми. Том е неверојатен. Поминавме време со него и имаме приказна. Џо Косински имаше прекрасна идеја за приказна и Том Круз рече дека навистина му се допаднала, па затоа ја развиваме. Но никогаш не се знае кога ќе да биде снимен, затоа што Том е многу зафатен. Моментално работи на Mission Impossible и веќе има проект после тоа. Се надеваме дека ќе добиеме сценарио што ќе му се допадне и ќе можеме да почнеме да работиме“, рече Брукхајмер, според Collider.

Акционото продолжение од 2022 година заработи 1,4 милијарди долари и доби одлични критики, пишува Collider. Тоа го потврдува и резултатот што филмот го доби на Rotten Tomatoes. Врз основа на 476 критики, критичарите му дадоа високи 96 проценти, а со повеќе од 50 илјади критики од публиката, Top Gun: Maverick беше оценет со 99 проценти.

Џејмс Берардинели од ReelViews напиша за продолжението: „Топ Ган: Маверик е еден од ретките случаи каде што продолжението е подобро од оригиналот.“ Филмот исто така беше позитивно оценет од Ричард Ропер од Чикаго Сан Тајмс, кој напиша: И покрај тоа што ги предвидувате сите настани што ќе дојдат, шармот на Том Круз и спектакуларните воздушни акробации сè уште ви го одземаат здивот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk