Музиката има моќ да ја надмине расата, бојата, религијата и да ги обедини навидум некомпатибилните. Доказ за тоа е фактот дека многу песни од нашите краишта се слушаат буквално од другата страна на светот. Странците сакаат да ни ги пеат песните, некои го „убодуваат“ изговорот, некои не толку, но секогаш е убаво да се слушне нашки.
Така, една од песните на легендарниот Тоше Проески „Још увек сањам да смо заједно“ се слушнала на улиците на, замислете, Пекинг, и тоа благодарение на младиот и талентиран @wang_xiao_chong.

- Не е Кина ене онде, требало време песната да стигне до таму - на шега рекол Мирослав Рус, авторот на оваа тема отпеана од Тоше, кој на својот Инстаграм сподели видео од кинескиот уличен музичар Ванг, кој во срцето на Пекинг, на беспрекорен српски јазик, со многу емоции ја изведува песната.
Кога ќе го погледнете профилот на младиот Кинез, се гледа дека многу ја сака локалната сцена, па отпеал и песни од Жељко Јоксимовиќ, Сергеј Ќетковиќ... но дефинитивно најмногу му се допаѓа Тоше Проески, во чиј роден град запеа дури и една македонска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата