На социјалните мрежи кружи видео во кое се гледа како еден уличен музичар од Кина пее песни од Тоше Проески. И ништо нема да беше чудно, оти нели музиката не познава граници, ова да не се случува среде Пекинг.

Имено, ова момче на Инстаграм потпишано како Wang Xiao Chong е уличен музичар кој ги забавува минувачите во Пекинг пеејќи и свирејќи. И да, не ја пее само „Још увек сањам да смо заједно“, туку и „Чија си“ што Тоше ја отпеа на Беовизија.

Интересно е дека тој меѓу многуте светски хитови, освен песните од нашиот Тоше, пее теми и од репертоарот на Жељко Јоксимовиќ, и да навива за Ѕвезда и Ноле.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 王小虫 (@wang_xiao_chong)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 王小虫 (@wang_xiao_chong)