logo
logo
logo

Ким Кардашијан со скршено стопало и на штикли дојде на отворањето на нејзината продавница(ФОТО)

Vecer | 13.12.2024

Ким Кардашијан со скршено стопало и на штикли дојде на отворањето на нејзината продавница(ФОТО)

Таа отвори продавница за својот моден бренд Skims во Њујорк, а го привлече вниманието на отворањето.

Таа носеше модна комбинација од беж кожа која го истакна нејзиното деколте. Сепак, го привлече вниманието на публиката со скутерот на кој се возеше до вратата. Повредената нога ја држела на седиштето на инвалидската количка за да ја одмори.

И покрај тоа што го скршила стапалото, Ким носеше штикли, но во еден момент од забавата се пресоблече во рамни чизми.

Ким не откри како дошло до скршеницата, но на Инстаграм објавила дека доживеала несреќа. „Скршено стапало за празниците“, напишала таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SKIMS (@skims)

Брендот, кој неодамна беше проценет на импресивни 4 милијарди долари, сега ја има својата прва водечка продавница на Петтата авенија.

Продавницата се простира на површина од 610 метри квадратни и се протега на четири ката, а овој простор некогаш две децении беше дом на брендот Версаче, сместен веднаш до замокот на Картие на Петтата авенија. Водечката продавница вклучува и изложбен салон/ВИП простор, како и деловен простор за 175 вработени. Ова е воедно шеста и најголема продавница на брендот досега.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SKIMS (@skims)

„Продавницата се карактеризира со висок сјај во комбинација со монохроматски бои, разновидни материјали и текстури, а сè е врежано, како нашите логоа“, рече Ким за продавницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk