Имено, многу луѓе и замериле на Ким што почнала да споделува содржини со политички призвук. Таа неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД.
Објавата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да прекинат да ја следат, пренесува „Daily Mail“.
Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким се уште јавно не се изјаснила кого поддржувала на изборите - Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да даде комплименти за модниот избор на Меланија.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата