logo
logo
logo

Ким како вонземјанин, Џеј Ло како каубојка, а Ријана и дечко и ПОД ЌЕБЕ (ФОТО)

Vecer | 14.09.2021

Ким како вонземјанин, Џеј Ло како каубојка, а Ријана и дечко и ПОД ЌЕБЕ (ФОТО)

Еден од најголемите годишни настани во светот на модата, Мет Гала, се одржа вчера во Њујорк. Иако традиционално се одржува првиот понеделник во мај, оваа година беше „одложена“ поради пандемијата на корона вирусот.

Како и обично, церемонијата се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Ниту овојпат американскиот моден „лексикон“ не разочара.

Мет Галата има цела историја на необични и добро запаметени модни комбинации кои секоја година ја шокираат јавноста одново и одново. Задачата на секој гостин е да создаде облека за паметење. Ние ги избравме за вас најчудните, најсмешните и најдобро облечените sвезди на овогодинешната Мет Гала.

Модната икона и една од сигурно најголемите музички везди, Ријана (33) се појави на Мет Галата во интересен долг фустан на модната марка Баленсијага, со кој носеше луксузен накит Мари Таш. До неа стоеше пред фотографите нејзиното ново момче АСАП Роки (32) во модна креација која изгледа како топло ќебе за покривање во текот на зимата, дизајнирано од Ели Расел Линетц.

Ќерката на покојната кошаркарска легенда Коби Брајант, Наталија Брајант (18) за прв пат се прошета по тепихот на Мет Гала во комбинација која малкумина би избрале да ја носат. Фустанот во облик на јајце изгледаше слатко на младата девојка и сигурно ќе остане запаметен.

Британскиот модел Кара Делевињ (29) се појави во интересно, можеме да го наречеме одело на Кристијан Диор. На необичната бела комбинација, најмногу се истакна црвениот натпис „Пег патријархатот“.

Актерката Кристен Стјуарт (31) се закопча „до грло“ во розово -бела комбинација на Шанел.

Светски познатата и една од најплатените модели во светот, Кендал Џенер (25) годинава блесна во проѕирен фустан со многу светкави детали од брендот Живанши.

Нејзината пријателка и новопечена мајка Џиџи Хадид (26) се одлучи за црно - бела комбинација на Прада, која ја комбинираше со црвена коса и неколку блескави детали.

Старлетата Ким Кардашијан (40) повторно изненади со својот моден избор. Имено, таа пред само неколку дена прошета по улиците на Њујорк облечена во кожа од глава до пети.  Таа носеше нешто слично на овогодинешната Мет Гала. Овој пат во малку помек материјал, Ким ги сокри лицето и целото тело. Само контурите на нејзиното лице можеа да се видат низ ткаенината како и долга коњска опашка  одзади.

Латино дивата Џенифер Лопез (52) се појави во каубојска комбинација на Ралф Лорен во која повторно гордо го истакна своето прекрасно тело.

Дизајнерката Донатела Версаче (66) носеше бел фустан од сопствениот бренд.

За крај, ја издвоивме тенисерката Серена Вилијамс (39), која се одлучи за прекрасна, малку претерана комбинација на брендот Гучи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk