logo
logo
logo

Киану Ривс откри која му била најнепријатната сцена: Не е тоа за мене (ВИДЕО)

Vecer | 29.03.2023

Киану Ривс откри која му била најнепријатната сцена: Не е тоа за мене (ВИДЕО)

Тоа била сцена на водење љубов со сопругата на режисерот.

Тоа се случило за време на снимањето на филмот Knock Knock од 2015 година, во режија на Ели Рот. Ривс глумел со Ана де Армас и Лоренцо Изо, на кои им беше доделена улогата на негативки. Филмот требаше да биде малку поедноставен за снимање бидејќи речиси целото дејство се одвива на една локација.

Сепак, работите станаа малку комплицирани за Ривс бидејќи имало сцена на водење љубов со Изо, која тогаш беше сопруга на режисерот Ели Рот. Ривс се чувствувал многу непријатно поради ова и јавно го призна тоа.

„Тоа не е за мене, Џими“, рекол Ривс, нагласувајќи дека сцените му биле „многу чудни“. Ривс рече дека работел со Ели за целата ситуација да не биде премногу непријатна.

„Ели создаде ситуација во која сите си верувавме еден на друг, но на крајот треба да се соблечете и да симулирате врска“, рекол Ривс и додал дека не би сакал повторно да прави такво нешто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk