logo
logo
logo

Киану Ривс им ги стопи срцата на фановите со приказна за болната бабичка: Јави ѝ се...

Vecer | 10.08.2022

Киану Ривс им ги стопи срцата на фановите со приказна за болната бабичка: Јави ѝ се...

Неодамна се појави и нова приказна која потврдува за каков актер се работи.

Еден корисник на Редит ја сподели приказната за неговата баба која била заљубена во Киану Ривс бидејќи ја потсетувал на нејзиниот сопруг кога бил млад. Ги гледала сите негови филмови кои ѝ пружале утеха во најтешките моменти од нејзиниот живот.

Таа имала мозочен удар во седумдесеттите и последните 10 години од животот ги поминала дома, а гледањето филмови ѝ било најголемото хоби, со кое го заменила  дружењето со нејзините пријатели“, напишал тој на Редит.

„Недолго откако излезе „Матрикс“, вујко ми ручаше во ресторан во Лос Анџелес, а на вратата се појави Кијану Ривс во придружба на една жена. Мојот вујко им пријде и им кажа дека неговата 80-годишна мајка е голем обожавател затоа што Киану ја потсетува на нејзиниот сопруг во младоста“, додаде тој.

Актерот го прашал дали го носи мобилниот со себе и рекол: „Јави ѝ се, сакам да разговарам со неа“.

Неколку минути разговарал со неговата баба, а таа била целосно воодушевена од повикот. „Беше многу изолирана, а неговата искрена љубезност и интерес што ги покажа се вистински доказ за тоа колку е голем човек“, сподели тој во објавата која предизвика вистинска лавина од воодушевување кај обожавателите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk