Пред неговото патување во Торонто имал проблем. Три од неговите летови биле откажани, па тој бил принуден да патува со автобус за да присуствува на премиерата на филмот Wildcat, кој тој го режираше.
Во тој филм главната улога ја игра неговата ќерка Маја Хок, а тие двајца заедно позираа на црвениот тепих. Тогаш Итан потврдил дека допатувал со автобус.
„Три лета беа откажани, а потоа помислив: Нема да го пропуштам ова поради аеродромот. Отидов до станицата и скокнав во автобус“, рекол Итан, кој патувал со сопругата. Тој откри што правел за време на патувањето.
„Прочитав книга. Седнав на крајот од автобусот и се молев да стигнеме таму“, рече тој. Никој, вели, не го ни забележал додека не стигнале на царина. „Човеку, никој не се грижи за никого во автобусот“, рече тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата