Актерот најпрво сподели видео од момчето на својот Инстаграм профил, првично објавено на страницата на здружението Blind Side и побара од членовите на здружението да му помогнат да стапи во контакт со Ештон, кој е роден слеп и годинава почнува со повисоките одделенија.
„Ако знаете како можам да стапам во контакт со Ештон, ве молам во инбокс. Би сакал да му посакам многу среќа за новата учебна година“, напиша тој.
А потоа на момчето му испратил видео порака преку неговиот профил.
„Ештон, овде е Хју. Навивам за тебе пријателе и знам дека ќе имаш одлична учебна година. И запомни, како што рече П.T. Барнам, никој не прави разлика со тоа што ќе биде ист како сите други. Неверојатен си“, рече тој во пораката која допре многумина и стигна до Ештон, чија мајка потоа ја објави и ги виде неговите реакции.
Инаку, на видеото кое толку многу го трогна Хју, се гледа како момчето шета низ училишните ходници со помош на бел стап. „Инклузијата започнува дома и родителите треба да разговараат со своите деца за овие работи пред да ги испратат на училиште. Ќе биде голема работа за мојот син ако ги правите овие разговори со вашите деца“, рекла неговата мајка со видеото.
„Научете ги не само да бидат љубезни, туку и да гледаат подалеку од разликите и да стекнат нов пријател како мојот син“, рече таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата