Холивудскиот актер Крис Хемсворт призна дека имал сериозни сомнежи пред јавно да проговори за генетската предиспозиција за Алцхајмерова болест, плашејќи се дека таквите информации би можеле да го променат начинот на кој публиката го перцепира како акционен херој.
Во ново интервју за „Гардијан“, дадено за време на промотивната турнеја на филмот „Злосторство 101“, Хемсворт рече дека се прашувал дали дозволил јавноста премногу длабоко да навлезе во неговиот приватен живот.
- Се прашував дали луѓето повеќе нема да веруваат во акционен херој или лик од Марвел. И дали сакам сите да ги знаат моите стравови и несигурности на тоа ниво - рече Крис.
Уште во 2022 година, како дел од неговата серија „Неограничено“, актерот откри дека носи две копии од генот APOE4, кој, според истражувањата, го зголемува ризикот од развој на споменатата болест за дури осум до десет пати.
Неговиот дедо страдал од болеста, а Хемсворт минатиот ноември откри дека и неговиот татко се бори со Алцхајмерова болест.
Тој истакна дека здравствениот проблем на неговиот татко е една од главните причини зошто неодамна го забавил темпото на својата кариера.
„Мојата потреба да продолжам напред значително се намали. Станав посвесен за тоа колку се кревки работите. Почнуваш да размислуваш: „Татко ми нема да биде тука засекогаш“. А моите деца сега имаат 11 и 13 години. Оние ноќи кога се туркаа едни со други да спијат во нашиот кревет - тоа е исчезнато“, опиша Крис.
Дијагнозата на неговиот татко, исто така, влијаела на неговиот избор на улоги.
Хемсворт вели дека сега избира проекти што му се лично важни, додека во минатото честопати донесувал одлуки врз основа на финансиски причини.
Неговиот документарец од 2025 година „Патување за паметење“ е целосно посветен на болеста на неговиот татко. Хемсворт рече дека проектот бил исклучително личен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата