logo
logo
logo

Халид Бешлиќ бил на одделението за онкологија: Еве од што пејачот боледувал

Vecer | 07.10.2025

Халид Бешлиќ бил на одделението за онкологија: Еве од што пејачот боледувал

Халид Бешлиќ почина денес на 71 година и своите последни моменти ги поминал во Клиничкиот центар во Сараево, бидејќи веќе некое време бил во болница. Тој пред месец дена беше префрлен во болничка соба и беше поврзан на апарати, бидејќи по бубрезите, откажува и црниот дроб.

Тогаш состојбата на пејачот била стабилна и сите се надевале дека ќе се опорави, а самиот менаџер Дамир Рамљак – Тигар, открил за што всушност станува збор.

-Халид моментално е префрлен во клиника за онколошки пациенти, прима терапија и се чувствува подобро. Со ова сакам да ги демантирам сите гласини кои кружат последниве денови, дека на Халид му откажале органите и дека е во лоша состојба — ништо од тоа не е точно, изјави тогаш Недим.

-Состојбата е стабилна. Тој е горе, во болница, колку што знаат докторите, толку знам и јас. Пред некое време бев кај него и ќе одам повторно. Станало нешто со црниот дроб… Црниот дроб не функционира баш најдобро, па сега работат на тоа да се исчисти- рече тогаш менаџерот, а пренесува Блиц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk