logo
logo
logo

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас заедно ги прославија родендените

Vecer | 27.09.2022

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас заедно ги прославија родендените

 Популарните актери  се родени на ист ден, 25 септември, но, Мајкл е 25 години постар од својата убава сопруга.

Кетрин го прослави својот 53 , а Мајкл  78 роденден. По тој повод, Кетрин сподели емотивна објава на Инстаграм.

. - Роденден ни е! По 24 години прославување на нашиот посебен ден заедно, сè уште се радувам на тоа. Те сакам – напишала актерката под фотографија со сопругот.

Кетрин и Мајкл се еден од најстабилните парови во Холивуд. И покрај нивните предрасуди, нивната љубовна приказна е силна како и на почетокот.

Двојката се венча во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Актерката го родила нивното прво дете три месеци порано, момче по име Дилан. Во 2003 година ја добија ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има синот Камерон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk