Кети Пери ОДБИ СОРАБОТКА со Били Ајлиш и зажали: „Песната беше досадна, згрешив…“

Пејачката Кети Пери откри дека и е многу жал што ја пропуштила можноста да соработува со Били Ајлиш. Таа можеше да биде дел од хитот „Ocean Eyes“, но сметаше дека таа песна на Били е здодевна, па ја одби понудата.
Пери ја доби шансата да работи со Били пред да стане позната.
– Откако ја слушнав песната, помислив дека е досадна, но на крајот сфатив дека тоа е голема грешка – коментирала Кејти, пишува Page Six.
Иако Кејти ја сметаше песната неинтересна, факт е дека на крајот „Ocean eyes“ стана хит за Били Ајлиш. Благодарение на тоа таа стана светска ѕвезда. После тоа, таа освои 7 Греми, Златен глобус и Оскар за најдобра оригинална песна за филмот за Џејмс Бонд „No Time To Die“.
Сепак, меѓу нив нема „лоша крв“, девојките не се скарале.
Всушност, Кејти и Били се пријателки и добро се согласуваат. И двете имаат карактеристичен стил на музика и облека и се грижат за својот имиџ. Ќе имаше логика да направија соработка, но со ова Били сама го достигна врвот и освои голем број награди со кои влезе во самиот врв на сцената.