Појавувајќи се на подкастот Casual Chaos, таа му кажа на водителот зошто го прекинала контактот со Чарли.
"Речиси една година не разговаравме на телефон и не си праќаме пораки повеќе од шест месеци. Беше прилично зафатен, така што веќе не бевме толку блиски. Но, бев навистина фрустрирана кога го оперирав носот, бидејќи тој не можеше ни да ми се јави или нешто друго за да види дали сум добро", рекла Сами.
Му го блокирала бројот.
Таа признава дека операцијата не била напорна, но дека сепак очекувала поддршка. Понатаму објасни дека кога Чарли ѝ пратил порака еден ден подоцна, нивниот разговор брзо прераснал во расправија што ја навело Сами да се дистанцира од нејзиниот татко.
Таа на крајот го блокирала бидејќи, како што вели, „ѝ испраќал луди работи“. „Морав да му ја блокирам и е-поштата, а потоа тој доби нов број на Божиќ, па ми праќаше пораки, а јас го блокирав и тој број. Морав да го запрам и да му кажам: „Никогаш повеќе не контактирај со мене бидејќи ова е лудост“, рекла таа.
Сами, која објавува фотографии и видеа на OnlyFans, исто така се отвори за тоа како нејзиниот однос со Чарли се разликува од односот на нејзината сестра Лола Шин со него. "Тој и Лола се многу блиски. Секогаш оди кај неа. Мислам дека не сака да се меша во кавги и такви работи. Често ми вели: "Имаш само еден татко, треба да му испратиш порака". Се разбира, кога таа не знае што ми пратил", рекла Сами.
Лола и Чарли се многу блиски.
Таа забележува дека таа и Лола се многу различни, но дека не ја обвинува. „Понекогаш е полесно да не се справиш со тоа“, вели Сами.
Лола неодамна се отвори за новооткриената блискост со Чарли, што го опиша како благослов. „Мојот однос со татко ми дефинитивно се подобри“, рече Лола за време на епизодата на Дениз Ричардс од 1 април. "Почнавме да правиме педикир заедно на секои две или три недели и тоа е нашата омилена работа што ја правиме заедно. Сега сме блиски", рече таа.
Дениз Ричардс и Чарли Шин беа во брак од 2002 до 2006 година. Заедно имаат две ќерки - Сами, која е родена во 2004 година и Лола, која е родена во 2005 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата