logo
logo
logo

Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“

Vecer | 19.06.2025

Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“

Сепак, нејзиното појавување во свечена кочија на почетокот на петдневните коњички трки беше откажано во последен миг, што предизвика загриженост кај јавноста, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).

Настанот почна завчера - на 17 јуни, и ќе трае до сабота, 21 јуни.

Иако официјално не е потврдено зошто Кејт Мидлтон се повлече од настанот, гласините говорат дека причината лежи во нејзиното здравје. По една година откако заврши со превентивната хемотерапија, откако ѝ беше дијагностициран рак, британските медиуми јавуваат дека принцезата моментно е сосредоточена на одморот и закрепнувањето.

Според дописничката на кралското семејство, Даниел Стејси, принцезата Кејт изразила жалење што нема да може да присуствува на трките во Аскот оваа година, каде што требаше да биде придружувана од нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата Камила. Принцезата првично требаше да учествува во традиционалната поворка со кочии заедно со принцот Вилијам. Бакингемската палата потврди дека тоа нема да се случи.

И покрај нејзиното отсуство, на „Ројал Аскот“ се присутни мајката на Кејт - Керол Мидлтон и Ализе Тевенет - сопруга на нејзиниот брат Џејмс Мидлтон. Принцезата претходно се појави на два други значајни настани - прославите на Денот на жартиерата во Виндзор и воената парада „Поздрав кон бојата“ (Trooping the Colour) по повод официјалниот роденден на кралот Чарлс.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk