Концертот на Јелена Карлеуша е спектакл за паметење
По единаесетгодишна пауза, Јелена Карлеуша објави два по ред албуми „Алфа“ и „Омега“, но тоа не беше се со што реши да ја почести својата публика по долгогодишно чекање.
Имено, поп дивата вечерва во Белград на вода одржа концерт за кој долго ќе се зборува. Таа најави спектакл и направи спектакл.
Сценографија како никогаш досега, кореографија како никогаш досега, уникатни костими... Сето тоа ЈК го покажа на вечерашниот спектакл во Белград.
Концертот на Јелена Карлеуша беше повод нејзините бројни колешки да се соберат на едно место. Мира Шкориќ, Наташа Беквалац, Сања Вучиќ, Ивана Николиќ, Војаж се само дел од оние кои уживаа во спектаклот.
„Војаџ“ откри дека Јелена е таа што му давала совети кога станува збор за неговата кариера и дека едвај чека да работи со неа.
Концертот на Јелена Карлеуша е институција и дека направила чудо, а на сите им додели домашна задача.
Како специјални гости настапија Милица Павловиќ, Сајси МЦ и Девито.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата