logo
logo
logo

Канје сака да го спаси семејството: „Таа уште е моја сопруга!“

Vecer | 25.11.2021

Канје сака да го спаси семејството: „Таа уште е моја сопруга!“

Ким Кардашијан (41) и Пит Дејвидсон (28) од неодамна и официјално се во врска. Последните денови тие се почесто се појавуваат заедно во јавност, а минатиот викенд уживаа во романтична вечера во тренди ресторан во Санта Моника.

Фотографите ја снимија реалити ѕвездата и комичарот како го напушта ресторанот држејќи се за раце. Добро расположени влегле во автомобилот и се оддалечиле без да ја симнат насмевката од лицето.

„Тие се многу среќни и допрва треба да видат во која насока ќе оди нивната врска“, рекол извор за  E!News, а Ким и Пит се уште не ја коментирале нивната врска.

Се чини дека единствената личност која ја игнорира оваа нова романса е поранешниот сопруг на Кардашијан, Канје „Је“ Вест (44). Тој во средата рече дека планира повторно да го обедини нивното семејство, пишува E!News.

- Денот на благодарноста е време за обновување на семејството. Утрово се чувствував многу благословен бидејќи станав, вежбав и имам можност да си одам дома и да ги видам сопругата и децата - изјави раперот.

- Така е. Реков „мојата сопруга и моите деца“, и сакам сите да се молите за моето семејство – истакна Канје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk