logo
logo
logo

Калиопи: Tи благодарам мамо… Те сакам!

Vecer | 19.04.2021

Калиопи: Tи благодарам мамо… Те сакам!

Пејачката Калиопи Букле на своите фанови на Инстаграм им покажа како и колку ужива во друштво на својата мајка и сестра, нешто за што можеби немаше толку слободно време претходно.

Иако Калиопи важи за личност која не сака да ја споделува својата приватност, сепак овој пат македонската дива одлучи да сподели фотографии од својата мајка и сестра, а воедно и јавно да и се заблагодари на мајка си. Трите дами на фотографиите зрачат со позитивна енергија, уживајќи заедно.

„Добра страна на пандемијата – повеќе моменти како овој….Tи благодарам мамо што му пркосиш на времето и го чуваш младиот дух кој го споделуваш со нас“, Те сакаме“, напиша таа покрај споделените фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk