logo
logo
logo

КАЛИОПИ ТАЖНА ПОРАДИ СМРТА НА БАЛАШЕВИЌ: Се чуствувам како мало дете на кое му го земале детството

Vecer | 20.02.2021

КАЛИОПИ ТАЖНА ПОРАДИ СМРТА НА БАЛАШЕВИЌ: Се чуствувам како мало дете на кое му го земале детството

Пејачката Калиопи, тешко го поднела заминувањето на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Веста за неговата смрт ја дочекала во Белград , каде и ќе се прости од него.

- Замина уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинити стихови кои засекогаш ќе сведочат за него, за нас и нашите животи... Веста за вечното заминување на Ѓорѓе Балашевиќ ме погоди и збуни... Како мало дете на кое му го земале детството... Тој беше дел од мојата младост, моето растење, пејач на кого му верував... - рекла Калиопи за Курир и додала:

- Во Белград ме затекна веста... и тука ќе се простам од него. Во Земја која нам ни го подари... на сите нас... Македонија секогаш го сакаше, а и тој ги сакаше своите Македонци... Многу су тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во негово време. Се поклонувам на неговата уметничка душа која сега патува во вечноста.

Од кантавторот се простила и по пат на Инстаграм цитирајќи стихови од неговата песна “Напослетку“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk