Аца Лукас за време на гостувањето во една ТВ-емисија во соседството признал дека е сам, но и дека е спремен за нова љубов.
„Не сум заљубен и немам девојка. Колку сум постар толку поспремен сум да сакам. Лесно се заљубувам. Тоа е убава работа, може да трае еден час и 100 години“, рекол Лукас и додал дека е сигурен оти е подготвен да почувствува љубов.
А открил и една голема тајна од младоста.
„Кога бев мал бев вљубен во Весна Змијанац, ми беше Бог“, рекол Лукас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата