Празниците се совршено време да се потсетиме на работите кои навистина се важни и да им возвратите на другите од несебични причини, а австралиската музичка ѕвезда Сиа неодамна реши на неочекуван начин да им донесе радост на луѓето околу неа, односно во средината во која живее.
Пред неколку години, ден пред Денот на благодарноста, Сија го посетила локалниот супермаркет на Волмарт, кога решила да им ја плати сметката на сите клиенти кои чекале на ред, а на социјалните мрежи деновиве повторно се шират видеа и фотографии од тој момент.
Со оглед на тоа што е позната по тоа што го крие лицето зад огромните перики, малкумина ја препознаа една од најуспешните пејачки на планетата, а таа на клиентите им се претстави како Сиси и рече дека штотуку добила на лотарија и дека сака да се почести со соседите.
Потоа ги платила сметките на сите, ги гушкала клиентите и се фотографирала со нив, а една жена и подарила букет цвеќе.
Сиа, чие вистинско име е Сиа Кејт Изобел Фурлер, е родена во Аделаида во 1975 година, а со музика се занимава уште од мала. Таа стои зад големите хитови на нејзините познати колешки, како „Diamonds“ на Ријана , „Perfume“ на Бритни Спирс и „Pretty Hurts“ на Бијонсе, а има издадено 10 студиски албуми.

По големиот успех на албумот „We Are Born“ во 2010 година, таа одлучи да почне да го крие лицето за да ја зачува приватноста и да ги држи песните и гласот во преден план, па не се појавува во нејзините спотови и настапува носејќи огромна перика со кркми преку очите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата