logo
logo
logo

Како живеела Цеца пред Аркан: КОМШИИТЕ ИМААТ ИНТЕРЕСНИ ПРИКАЗНИ

Vecer | 15.01.2022

Како живеела Цеца пред Аркан: КОМШИИТЕ ИМААТ ИНТЕРЕСНИ ПРИКАЗНИ

Светлана Цеца Ражнатовиќ од родниот град Житораѓа се преселила во главниот град на Србија, каде го започнала својот нов живот.

Кога се преселила во Белград, Цеца прво неколку месеци живеела со пријателка на Врачар.

Во тоа време се реновирал станот што Цеца го купила во Белград. Дотогаш не размислувала да се пресели во главниот град бидејќи средното училиште го завршила во Житораѓа и живеела таму. Далечната 1990 година биле продадени 350.000 примероци од албумот, а една година подоцна излегол албумот кој ги срушил сите рекорди и Цеца со заработените пари решила да купи стан на Баново брдо.

Таа во далечната 1993 година дошла на идеја да се пресели во Белград, по завршувањето на средното образование и започнувањето на соработката со Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута.

Соседите на Цеца од зградата во која живеела на Врачар се воодушевени и се уште се сеќаваат на периодот кога Цеца живеела во оваа катна зграда.

- Добро ме потсети. Таа секогаш љубезно не поздравуваше сите нас, а беше убава. Како ангел - изјави сосед на Цеца.

Помладите генерации кои живеат во оваа зграда не се сеќаваат на периодот кога Цеца се вселила во неа, но за приказната слушнале од староседелците. Многумина дури мислат дека тоа е само мит.

- Кога ја сними „Кукавица“, луѓе се собраа под прозорецот и ја пееле нејзината песна. Беше неверојатно, таа песна одекнуваше по целата улица, тука секој ден пристигнуваа цвеќиња. Колку цвеќиња имаше, мислам дека можеше да ја отвори најголемата цвеќарница во Белград - изјави сосетка на Цеца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk