Дејвид Боуви почина во 2016 година на 69-годишна возраст по борбата со ракот на црниот дроб. Во последните месеци од животот, легендата на рокенролот успешно ја криеше од јавноста сериозноста на болеста, по што ги шокираше неговите обожаватели. Многу фанови не само што ги изненади неговото ненадејно заминување, туку и неговата загуба ја изразија на неочекуван начин.
Имено, Италијанец од Рим отишол до крајни граници покревајќи петиција на Change.org во која барал од Бога да му го „врати“ идолот. Петицијата, која набрзо собра речиси 1.700 потписи, ги вклучуваше зборовите: „Ова е грешка, Господи, голема грешка. Не сакам да живеам во свет без Дејвид Боуви. Нема да живеам!“
Овој израз на тага и загуба е потсетник за тоа колку Боуви беше почитуван, не само како уметник, туку и како личност која беше позната по својот необичен, но и возбудлив љубовен живот - дури и со малолетни девојчиња.
Лори Матикс, позната уште како Лори Медокс, е жена која била дел од рокенрол сцената во ‘70-тите години од минатиот век. Таа имала блиска средба со Боуви во раните години од неговата кариера. Лори е родена во Северен Холивуд, и била дел од група обожавателки кои ги следеле познатите рок ѕвезди.
Матикс вели дека имала само 14 години кога го запознала Дејвид Боуви додека тој бил на турнејата Ziggy Stardust во Лос Анџелес во октомври 1972 година. Пет месеци подоцна, кога турнејата на Боуви се вратила во Лос Анџелес, ноќта пред настапот на Боуви во арената Лонг Бич во март 1973 година, телохранителот на Боуви, наводно, бил испратен да ја собере неа и другарка ѝ и да ги однесе во хотел.
- Сакаше да ме одведе во неговата хотелска соба, а јас бев сè уште невина и преплашена. Имаше коса во боја на морков и најбела кожа на светот, се присетила Лори.
Иако ѝ било потребно време да биде спремна, по само неколку месеци Лори ја променила својата перспектива. Следниот пат, кога Боуви бил во градот, таа решила да оди на вечера со него, за време на која ги сретнале Џон Ленон и Јоко Оно. Таа ноќ била клучна за Лори.
- Таа вечер ја изгубив невиноста и ја имав првата тројка. Тој беше тотален бисексуалец. Се забавував со Дејвид во следните 10 години и секогаш беше одлично“, открила таа.
Сепак, ова искуство на Лори не завршило само со Дејвид Боуви. Набргу, откако спиела со него, ѝ се јавил гитаристот на Лед Цепелин, Џими Пејџ и ја замолил да излезат. Лори на почетокот мислела дека тоа е шега, но судбината имала поинаков план.
- Сите се дружевме на базен, се расправавме, а Џими ми пријде рече: "Ти си Лори? Јас сум Џими. Сакам да бидам со тебе". Не можев да поверувам што слушам – изјавила Лори, која во тоа време набргу започнала врска со Пејџ.
Прашањето беше што мислела нејзината мајка за сето ова.
- Нејзе ѝ се допаѓаше тоа. Рече: „Мојата ќерка е како Присила“. Бев малото ангелче на Џими, со насмевка открила Лори.
Врската со Пејџ траела неколку години, и завршила кога Лори имала 17 години. Нејзината љубов кон рокенролот и славните личности продолжила.
- Продолжив да го следам Мик Џегер на неговите концерти и да се забавувам. Тој период од мојот живот е незаборавен. Тоа беше период од животот кога сè изгледаше неверојатно и возможно. Немаше СИДА и здравствени последици. Никој не се плашеше да не заврши на „Јутуб“ или на некоја насловна страница. Светот сега е поинаков – заклучила Лори, потсетувајќи се на времето кога рок сцената била вистинска слобода и уживање во моментот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата