logo
logo
logo

Како Горан Бреговиќ ГИ ПОДЕЛИ ЛУЃЕТО ВО АЛБАНИЈА И КОСОВО

Vecer | 05.08.2021

Како Горан Бреговиќ ГИ ПОДЕЛИ ЛУЃЕТО ВО АЛБАНИЈА И КОСОВО

Најавата за настап на Горан Бреговиќ на пиво-фестивал Албанија создаде хаос во косовските медиуми и предизвика неколку негативни коментари.

Тие наведуваат дека тој „бил инспирација и идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“.

„Газета експрес“ наведува дека Бреговиќ признал дека се сретнал со Радован Караџиќ, осуден за злосторства против човештвото во БиХ, и пренесува делови од неговата изјава во врска со таа средба.

Весникот наведува и дека Бреговиќ, кој стана почесен граѓанин на Тирана во 2006 година, тогаш го добил „клучот на Тирана“ од тогашниот градоначалник Еди Рама.

Потоа, Рама му кажал на поранешниот фронтмен на групата „Бијело дугме“ за тоа како се запознал со неговата музика и како тајно ги слушал неговите песни за време на комунистичкиот режим во Албанија, кога рок музиката беше забранета, а Бреговиќ одржа концерт со „Оркестарот за свадби и погреби“ во Конгресната палата во Тирана.

- Секој што го кани нека го слуша приватно, но јавно не е вистинското време. Се бориме со многу работи во нашето Косово, бидејќи има само 20 години од војната, а не 200 години, пишува весникот во коментарот на косовскиот пејач, Блерим Мухаремјаи.

Од општината Корча за весникот изјавија дека Бреговиќ бил поканет и дека ќе пее затоа што овој фестивал нема никаква врска со политиката.

Фестивалот на пивото се одржува оваа година од 14 до 18 август и очекуваат 100.000 посетители, а тие ветија бесплатно над 100 музички настапи за посетителите.

Инаку, на официјалната веб -страница на овој фестивал, стои дека наскоро се очекуваат детали за програмата и се уште нема потврда за настапот на Бреговиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk