Иако звучи сосема бизарно, љубителите на мемиња и интернет културата сигурно се сеќаваат на епизодата од серијата „Сунѓерот Боб Панталоновски“ емитувана пред 25 години. Во неа, симпатичниот Патрик прашува: „Дали мајонезот е инструмент?“, а денес, четврт век подоцна, конечно го имаме одговорот.
Академска студија за едно интернет меме
Еден познат бренд за мајонез соработуваше со д-р Рејчел Дуркин, раководител на глобални музички технологии на Универзитетот Нортамбрија, и нејзиниот тим експерти, за научно да утврдат дали мајонезот може да се смета за инструмент.
Заклучокот на оваа несекојдневна студија е јасен: Да, мајонезот може да функционира како музички инструмент!
„Музиката отсекогаш еволуирала преку експериментирање. Кога ќе ги погледнете темелните принципи за тоа како инструментите создаваат звук, сфаќате дека можностите за неконвенционални материјали се бесконечни“, изјави Дуркин за NY Post.
„Истражувањето на нешто како мајонезот не е само забава; тоа ги предизвикува нашите претпоставки и нè поттикнува да размислуваме креативно за тоа што сè може да биде музика“, додава тој.
Што вели органологијата?
Во извештајот доставен до медиумите, истражувачите објаснуваат дека органологијата (наука за музичките инструменти) признава дека статусот на „инструмент“ не е ограничен само на предмети наменски направени за свирење.
Клучните заклучоци од истражувањето се:
Контрола на звукот: За нешто да биде инструмент, предметот мора да произведува или модифицира звук на контролиран и намерен начин. Експертите потврдија дека мајонезот го може тоа.
Класификација: Според системот Hornbostel-Sachs (глобален стандард за класификација), мајонезот може да се категоризира на неколку начини во зависност од пакувањето.
Музичка разновидност: Мајонезот во тегла, во шише на истиснување или мајонезот без амбалажа се однесуваат различно и спаѓаат во различни делови од класификацискиот систем.
Ова истражување покажува дека овој омилен додаток во исхраната е всушност „поразновиден“ од многу конвенционални инструменти, со што конечно е даден легитимитет на легендарното прашање на Патрик.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата