logo
logo
logo

“Кај мене нема запршка, не готвам зелка“: Сузана Манчиќ ЈА ОТКРИЛА ТАЈНАТА за добриот изглед и успешен брак

Vecer | 19.11.2021

“Кај мене нема запршка, не готвам зелка“: Сузана Манчиќ ЈА ОТКРИЛА ТАЈНАТА за добриот изглед и успешен брак

Сузана Манчиќ живее живот за кој многу жени не можат ни да сонуваат. Водителката Сузана Манчиќ ужива во мирен живот со партнерот, а сега открила која е тајната за нивниот складен однос.

Рецепт за среќен брак...

Сузана го открила рецептот за добри партнерски односи.

“Никогаш немој да ги проверуваш  пораките на партнерот, џеповите или  што било друго. Затоа што, секогаш ќе најдеш нешто што нема да ти се допадне. Животот е краток, а и љубовта со самото тоа, немој да ја загорчуваш на самиот почеток“, рекла Сузана, а потоа додала...

“Ако не го почитуваш својот партнер, не се почитуваш ни самиот себе, на некој начин се омаловажуваш себе си. Никогаш не би простила лага. Ако излажеш, не си во проблем. И мене ме фаќале во лага и тогаш укапирав, ако не лажам, ако секогаш ја зборувам вистината, никогаш нема да бидам во проблеми. Секогаш е полесно кога сите карти ќе се отвораат, а комуникацијата полесна.

Сузана и нејзиниот сопруг цело лето го поминале во Грција, во Србија се вратила на две недели и повторно заминала кај сопругот.

“Планирам да заминам во Грција, бидејќи во понеделник ми е роденден, а мојот маж ми подготвил некое изненадување таму“, рекла Сузана па открила каква домаќинка е.

“Кај мене нема запршки, не готвам зелка, нема ни сарми. Сарми јадам по гости, кисела зелка во кафеана. Јас сакам да изгледам убаво, тоа е сигурно некое самопочитување. Готвам, мијам садови, но секогаш сакам да изгледам убаво“, заклучила Сузана

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk