logo
logo
logo

Каде е и што работи денес? Ерзана се враќа на музичката сцена

Vecer | 11.05.2021

Каде е и што работи денес? Ерзана се враќа на музичката сцена

Композиторот и продуцент Дарко Димитров неодамна откри дека е во постојан контакт со пејачката Ерзана но и дека тие двајца сакаат да снимат нова песна.

Впрочем, Дарко Димитров и Ерзана пред 20 години работеа заедно на албумот „Без зборови“ кој буквално ја направи Ерзана една од најпопуларните пејачки во Македонија.

Тој не крие дека е горд на овој албум и вели дека песните и денес звучат свежо и модерно.

Дарко и додаде дека тој и Ерзана сакаат да снимат нешто ново и дека летово најверојатно ќе ја реализираат идејата.

„Во контакт сме со Ерзана цело време откако се повлече од музиката и веќе разговаравме да снимиме нешто ново. Ѝ велам: „Дојди Ерзана, треба да си тука“. Таа живее во Америка и има семејни обврски. Со неа навистина направивме фантастичен албум. Тој тогаш звучеше револуционерно, а звучи како да е сега направен. Таа како вокал го нудеше тоа, има фантастични импровизации и знаеше од една нота да направи седум“, изјави Дарко во едно интервју.

Популарниот композитор призна и дека „Без зборови“ му е еден од најдрагите албуми што ги направил во неговата 30-годишна кариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk