logo
logo
logo

Видео

Јордан Митев има нова песна – „Среќо моја, среќа си ми ти“

Vecer | 03.05.2023

Јордан Митев има нова песна – „Среќо моја, среќа си ми ти“

"Среќо моја среќа си ми ти" е насловот на најновата песна на Јордан Митев, зад кој авторски комплетно се потпишува самиот пејач, а спотот кој Митев го работеше со својот долгогодишен пријател и соработник Зати е снимен во Швајцарија.

- До сега во Македонија имам снимено околу 30-тина видеозаписи на речиси сите значајни локации, познати и не толку познати за пошироката јавност, па затоа одвреме-навреме чувстувам потреба за некоја моја песна да снимам спот и надвор од Македонија. Ова ми е 5ти видеоспот снимен надвор од Македонија, вели Митев.

Новата песна на Митев е со малку помодерен израз, а во неа се пее за една среќна љубов.

- Токму затоа сметав дека Швајцарија како една од најживописните и најчисти земји во светот убаво ќе се вклопи во целата приказна. Видеото го снимав во објект на Тунското езеро во градот Тун, кој порано бил и приватен замок, па целиот тој амбиент одлично се вклопи во целата приказна. Додека престојувавме таму времето беше дождливо и облачно, но со мојот тим успеавме да извадиме една прилично добра фотографија за тие временски услови. Верувам дека публиката ќе ужива во најновиот мој проект, додава Митев.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk