logo
logo
logo

ВИДЕО

Јордан Митев е горд на новиот спот, а еве и зошто

Vecer | 29.11.2021

Јордан Митев е горд на новиот спот, а еве и зошто

Фолк пејачот Јордан Мотев го промовира спотот за песната "Да се живи здрави младоженеците", песна која ја сними и промовораше во 2019 година.

- Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на којашто сум и овој пат комплетен автор, вели Јордан Митев.

Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор "Гоце Делчев" од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбал.

- Исто така, во проектот се вклучени и дел од музичарите коишто ме придружуваат на моите настапи. Ние Mакедонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин, додава Митев.

И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти.

[embed]https://youtu.be/fyUxWfUnK0I[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk