logo
logo
logo

Јоко Оно ја доби судската битка за часовникот на Џон Ленон

Vecer | 15.11.2024

Јоко Оно ја доби судската битка за часовникот на Џон Ленон

Швајцарскиот сојузен врховен суд го отфрли барањето на колекционерот кој го купил часовникот на аукција.

Јоко Оно на својот сопруг му подарила часовник „Patek Philippe“, вреден четири милиони швајцарски франци, во 1980 година за неговиот 40-ти роденден, само два месеци пред неговото убиство во Њујорк. На часовникот имала изгравирано стих од песна што заедно ја компонирале.

Неколку децении подоцна, часовникот се појави во аукциска куќа во Германија. Таму го купил еден колекционер, но кога се обидел да го процени во Женева, Јоко Оно дознала за тоа.

Колекционерот сакал да го задржи часовникот за кој платил, тврдејќи дека го купил со добра волја. Сепак, швајцарските судови пресудиле против него, вклучително и швајцарскиот сојузен врховен суд, кој е последна инстанца.

Во пресудата се наведува дека возачот кој работел за Јоко Оно го украл часовникот. Судбината на возачот по кражбата не била дел од постапката во Швајцарија.

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk