logo
logo
logo

Ја паметите ли ЗАНА НИМАНИ? Еве како изгледа денес

Vecer | 21.07.2023

Ја паметите ли ЗАНА НИМАНИ? Еве како изгледа денес

Зана Нимани, првата и најпопуларна пејачка на групата „Зана“, која ги отпеа стиховите на познатите хитови „Додирни ми колена“ и „Јабуке и вино“, се повлече од јавноста во екот на најголемата популарност.

Во 1980 година Зана стана членка на групата „Зана“ која и името го доби по неа, а со песната „Додирни ми колена“ стана голема регионална ѕвезда.

Песната стана евергрин и сè уште се слуша на забавите, концерти и радиостаниците. Песната ја напиша Марина Туцаковиќ, која и тогаш беше една од најдобрите и најпознатите текстописци.

 

Pesma je postala evergrin, te se i danas može često čuti na zabavama, svirkama i radio stanicama

- Зана ја запознав во студио 6 на Радио Белград. Таа беше буцкаста и убава, но нејзиниот глас буквално пленеше. Подоцна многу работевме на нејзиниот имиџ и се покажа дека за публиката на Зана најважен е нејзиниот глас и магијата што ја ширеше околу неа, изјави тогаш Марина, која за групата ги напиша и песните „Мајстор за пољупце“, „Јабуке и вино“, а подоцна и многу други хитови.

И покрај големата популарност, во 1985 година Зана ја напушти групата и започна соло кариера, а по првиот независен албум „Ноќаш пјевам само теби“ се повлече од јавноста.

Таа се омажи за Ѓорѓе Шишкин и ја роди ќерката Теа во 1991 година. Неколку месеци потоа ја напушти Србија и се пресели во Канада, каде што живее мирен живот повеќе од две и пол децении и изгледа вака:

 

Zana se bavi finansijama

Зана се занимава со финансии, а нејзината сакана Теа го наследила талентот за пеење на мајка си, па настапувала во неколку мјузикли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk