logo
logo
logo

Изрекувањето на казната за Диди закажано за в петок

Vecer | 01.10.2025

Изрекувањето на казната за Диди закажано за в петок

Обвинителите, инаку, сметаат дека „децениите неконтролирано насилство“ на Комбс и психолошката, емоционалната и физичката штета што им ја нанел на своите жртви се доволна основа за строга казна, според документите. Меѓу доказите има снимки од безбедносни камери на хотел и сведоштва од пејачката Касандра „Кеси“ Вентура (некогашна девојка на Диди), која го обвини за физичко и психолошко злоставување.

Федералните обвинители претходно побараа Комбс да биде осуден на најмалку 11 години затвор по две обвиненија, велејќи дека бил „насилен и не се покајал“ и ги оставал своите жртви во страв. Тој, инаку, е ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе и рекетирање.

Во прилог на можната построга казна, Обвинителството достави писма од поранешни соработници на Диди и жртви, покрај Вентура - и поранешната вработена Мија. Се бара казната „да го одрази целосниот обем на штетата“ и „да испрати порака дека нивните животи и гласот се важни“. Изрекувањето на пресудата е закажано за задутре во Федералниот суд во Њујорк. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk