logo
logo
logo

Итан Хок со автобус пристигна на Филмскиот фестивал во Торонто

Vecer | 13.09.2023

Итан Хок со автобус пристигна на Филмскиот фестивал во Торонто

 Текашанецот за „Пипл“ (People) откри дека морал да се снајде за да пристигне на премиерата на неговиот нов филм „Wildcat“ (Дива мачка).

- Веќе три лета беа откажани, па си реков: „Нема да го пропуштам ова поради аеродромов“. Затоа отидовме до станицата и фативме автобус, сподели тој.

Хок, кој тргна на патувањето со својата сопруга Рајан Шохјуз Хок - сопродуцентка во филмот, вели дека добро се забавувал по патот, читајќи книга одзади во патничкото возило. Тој притоа истакна дека никој не го препознал сѐ дури не стигнале на царина. 

„Wildcat“ е биографска драма за писателката Фланери О'Конор и нејзината борба да го објави својот прв роман „Мудра крв“ во 1952 година. Ќерката на Итан од бракот со Ума Турман, Маја Хок ја толкува главната улога во филмот 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk