logo
logo
logo

Испукани рафали кон куќата на Ријана, уапсена жена: Пејачката била во домот

Vecer | 09.03.2026

Испукани рафали кон куќата на Ријана, уапсена жена: Пејачката била во домот

Полициските службеници од Полициската управа на Лос Анџелес одговориле на пријавите за пукање во 13:15 часот по локално време (21:15 часот по Гринич) во неделата.

За инцидентот е осомничена и приведена жена . Полициски службеник изјавил за Си-Би-Ес њуз дека целта на нападот била Ријана и дека на местото на настанот биле пронајдени чаури од автоматска пушка.

Ријана била во вилата во тоа време, изјавил полициски извор за „Лос Анџелес тајмс“.

Полицијата вели дека осомничената, жена во 30-тите години, застанала со автомобил пред домот и испукала седум куршуми пред да избега со брзина. Нејзиното возило било на околу осум милји (12 км) од домот на пејачката, каде што жената била приведена. Нејзиниот идентитет сè уште не е јавно откриен.

Според полицијата во Лос Анџелес (LAPD), инцидентот се случил околу 13:20 часот по локално време. Осомничена 30-годишна жена, чиј идентитет сè уште не е објавен, наводно пукала од возило во движење кон влезот на имотот на пејачката.

Локалните медиуми, вклучувајќи ги „Лос Анџелес Тајмс“ и „NBC4“, повикувајќи се на полициски извори, известија дека биле испукани помеѓу седум и десет куршуми. Еден од проектилите го пробил ѕидот на куќата. Полицијата реагирала веднаш по пријавата и успеала да ја приведе осомничената жена кратко по нападот.

Ријана била во куќата во моментот на пукањето, и при тоа не е повредена. Засега нема официјална потврда дали во тие моменти со неа биле нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки (A$AP Rocky), и нивните две деца.

Луксузната вила каде што живее пејачката се наоѓа во елитната населба Беверли Крест во Лос Анџелес. Ријана го купи овој имот во 2021 година за сума од 13,8 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk