logo
logo
logo

Исплива долго чувана тајна на Фреди Меркјури: Вака настанал хитот „Боемска рапсодија“

Vecer | 04.06.2023

Исплива долго чувана тајна на Фреди Меркјури: Вака настанал хитот „Боемска рапсодија“

Првпат објавените нацрти на песната „Боемска рапсодија“ на Квин укажуваат дека Фреди Меркјури првично сакал да ја нарече песната „Монголска рапсодија“. До откритието дошло по објавувањето на 15 страници со текстови, мелодиски линии и хармонии од периодот кога Меркјури го компонирал својот хит од 1975 година, пишува Си-ен-ен.

На врвот од страницата, Меркур го прецртал зборот „монголска“ и го заменил со зборот „боемска“. Покрај тоа, во нацртите се појавува поинаква верзија на репликата „Мамо, само што убив човек“, која гласи: „Мамо, војната започна. Морам да одам вечерва, морам да станам и да се борам“.

Нацртот на песната ќе се појави на аукција на Сотби на која ќе бидат вклучени личните работи на Фреди Меркјури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk