Што се случува со Инстаграм профилот на една од најпопуларните пејачки во светот? Џенифер Лопез изгледа ги избриша сите објави од својот кориснички профил и ја замени фотографијата на профилот со црна фотографија без никаков лик или контури.

Актерката и пејачка допрва треба да се изјасни, додека нејзините 227 милиони следбеници се прашуваат што се случува.

24sata

Да потсетиме дека Џеј Ло објави видео на Инстаграм на почетокот на оваа недела на кое може да се види како разменува прегратки и бакнежи со нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек (50). Меѓутоа, тоа видео сега исчезна, како и сите други објави.

Профилите на другите социјални мрежи останаа исти.