logo
logo
logo

ИНЦИДЕНТ: Десетгодишниот син на Бен Афлек зад воланот на Ламборџини

Vecer | 27.06.2022

ИНЦИДЕНТ: Десетгодишниот син на Бен Афлек зад воланот на Ламборџини

Бен Афлек доживува летен блокбастер на кој навистина не се надевал, пишува „Page Six“ објавувајќи ја веста за сообраќајна несреќа што ја предизвикал 10-годишниот син на актерот Семјуел.

Синот на Бен Афлек во неделата седна зад воланот на жолт теренец Ламборџини и удри во скап спортски автомобил кога несакајќи почна да се движи во рикверц.

Афлек и неговата свршеница Џенифер Лопез купувале луксузен автомобил во Лос Анџелес кога 10-годишниот Семјуел Гарнер Афлек удрил во браник.

Актерот му дозволил на својот син, од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, да седне на возачкото седиште во луксузната кола.

Автомобилот „Ламборџини Урус“ кој се изнајмува за 1.475 долари дневно, почнал да се движи во рикверц и удрил во бело БМВ.

Семјуел Афлек потоа излегол од автомобилот и ја погледнал штетата на автомобилите. Бен Афлек исто така проверил дали има штета, а потоа го прегрнал својот син.

Претставникот за медиумите на Афлек изјави за TMZ дека нема штета. Вработениот од застапништвото -  777 Exotics, изјави за Пост дека автомобилите на нивната парцела се паркирани цврсто еден до друг.

„Кога Семјуел влезе во автомобилот, „трзна напред-назад“, рече тој, додавајќи: „Имаме малку простор измеѓу автомобилите, премногу се блиску“.

Никој не е повреден и нема гнев, изјави вработениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk