logo
logo
logo

Имаше 125 килограми: Мелиса Мекарти изненади со својот изглед на црвениот тепих

Vecer | 28.02.2024

Имаше 125 килограми: Мелиса Мекарти изненади со својот изглед на црвениот тепих

Видно послабата актерка се појави во друштво на својот сопруг Бен Фалконе, а облече виолетова тоалета со ремен кој дополнително ја истакна нејзината половина. Таа откри дека ослабела 35 килограми, но не објасни која метода за слабеење ја користела.

Борбата со килограмите

53-годишната Мекарти во претходните интервјуа отворено зборуваше за нејзината борба со килограмите. Некогаш имала 125 килограми, а признала дека ги носела сите можни конфекциски броеви. Додала дека се прифатила себеси во 30-тите години и дека нејзиниот сопруг, со кој е во брак 19 години, и помогнал да се чувствува удобно во сопствената кожа.

„Си реков: Престани да се грижиш за тоа. И тоа можеби е најдоброто нешто што сум го направила“, рече таа и додаде дека е свесна дека нејзината тежина сигурно ќе варира во иднина.

„Сепак, тоа не би требало да биде најинтересното нешто кај мене. Мора да има нешто повеќе. Има многу поинтригантни работи за жените“, заклучила таа.

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk