logo
logo
logo

ИМА ЗАБРАНА ОД ДЕЧКОТО да оди во „Задруга“, се плаши да не го ИЗНЕВЕРИ ЈАВНО

Vecer | 24.03.2021

ИМА ЗАБРАНА ОД ДЕЧКОТО да оди во „Задруга“, се плаши да не го ИЗНЕВЕРИ ЈАВНО

Старлетата Ана Корач која стана популарно поради своето изложување пред камерите сега има проблем да го прави тоа, откако се шпекулира дека новиот дечко и забранува да се појави во „Задруга“.

Според српските медиуми таа веќе го преболела бившиот дечко Давид, и сега е во врска со богат бизнисмен, кој изгледа не сака да ја гледа во ријалити шоуто.

Се додава дека слушнал дека таа планира да се врати во шоуто целосно го изгубил нервите и и рекол да заборави на идејата.

- Ана се договори со „Пинк“ повторно да се приклучи на „Задруга“ во март. Сепак, минатата недела им се јави да ги извести дека нема да се врати затоа што нејзиното ново момче не се согласува со тоа.“ вели изворот за српските медиуми.

Тој додава дека, новиот дечко на Ана се плаши да не го изневери пред камерите.

- Ана е толку луда по него што слепо го слуша. Таа ја повика продукцијата, се извини и го откажа учеството. Таа воопшто не сакаше да се расправа со своето момче, но ја испушти топката и му рече дека ќе го слуша - вели изворот.

Доколку се приклучеше таа ќе добиваше околу 2.000 евра неделно, а сега и се заканува казна од 5000 долари за непочитување на договорот.

Исто така се зборува дека таа веќе се вселила кај него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk