logo
logo
logo

Има песна од која секоја година заработува милиони, ја пее веќе 30 години!

Vecer | 13.12.2024

Има песна од која секоја година заработува милиони, ја пее веќе 30 години!

Пејачката не се откажува од промовирањето на истата нумера што ја пее веќе 30 години.

Мараја Кери (55), позната како „Кралицата на Божиќ“, повторно го привлече вниманието со неодамнешниот настап во Лос Анџелес. Пејачката за време на настапот дури им помогна на вработените да ја избришат сцената, со што предизвика дополнителни симпатии кај публиката, но не и кај другите обожаватели кои оваа објава ја виделе на социјалните мрежи. Исто така, нејзиниот изглед предизвика лавина негативни коментари.

Таа настапи во краток црвен седефест фустан со долги ракави и длабоко деколте кое ги истакнуваше нејзините бујни гради. Фустанот ја најавуваше претстојната божиќна еуфорија, по неговата должина имаше украс од сребрени снегулки. Сепак, нејзината трансформација беше очигледна. Никој не можеше а да не го забележи нејзиниот видно тесен струк и изразените колкови, и истакнатиот заоблен задник, па многумина забележаа дека сега потсетува на Ким Кардашијан. Превисоките црвени сандали со огромни платформи уште повеќе и го отежнуваа одењето, а тоа беше првото нешто што на сите им падна в очи.

Видеото од настапот набргу ги преплави социјалните мрежи, а коментарите само се нижеа.

- Оди како да има запек и е уморна. Жено, фрли ги тие штикли!

- Толку е досадно кога ќе ја натераат публиката да пее... никој не сака да плати толку пари за да слуша куп луѓе кои се обидуваат да пеат!

- Изгледа и звучи како да не сака да биде таму.

- Изгледа како да ѝ поминало времето за спиење!

- Изведба без енергија. Извинете, повеќе би сакал да ги слушам нејзините снимки.

- Жено, пензионирај се веќе еднаш!

- Зошто ли уште пееш, кога не ти е до пеење!

- Оди како старица, со свиткани раменици напред, без волја за живот!

- Кој и да и бил стилист за овој нејзин изглед, не си ја завршил работата. Тие чевли, тие чорапи и тој фустан, треба да се фрлат!

- Повторно пие?

Потсетуваме, Мараја навистина одамна можеше да се пензионира благодарение на нејзината божиќна химна „All I Want for Christmas is You“. Оваа песна стана симбол на празничната сезона ширум светот. Од објавувањето, во 1994 година, песната постојано се наоѓа на врвот на зимските топ листи, а во 2019 година конечно стигна до првото место на Билбордовата топ-листата, соборувајќи бројни рекорди. Само во 2017 година, на Мараја ѝ донесе 60 милиони долари, според податоците на компанијата RIAA.

- Јас бев таа што вложи сè во оваа песна, иако издавачката куќа не вложуваше многу. Знаев дека луѓето ширум светот ја сакаат оваа песна, па ја промовирав на секој можен начин - изјави пејачката своевремено.

Благодарение на овој светски хит, кој е продаден во над 50 милиони примероци, пејачката секоја година заработува огромна сума на пари. Секоја година, веќе од ноември, оваа песна се наоѓа на топ листите ширум светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk